Краткиот роман „Книжевна конференција“ е објавен во 1997 година и претставува спој на клучните елементи кои се во фокусот на творештвото на Сесар Аира: магичниот реализам, фантастиката, книжевната пародија, интертекстуалноста и (авто)иронијата. Сесар, главниот лик во романот, истовремено е писател, преведувач, генијален научник и специјалист за клонирање. Неговата генијалност ја опишува првата епизода од романот, напишана во манир на јужноамериканскиот магичен реализам, во која Сесар решава една неверојатна легендарна загатка и стекнува огромно богатство. Втората епизода од романот жанровски прескокнува во областа на научната фантастика кога Сесар решава да загосподари со светот така што ќе клонира еден славен мексикански писател.

Лесното движење меѓу жанровите, преплетувањето на приказните, инвентивноста во постапките на раскажувањето и луцидноста на суптилниот хумор, кои се забележуваат во „Книжевна конференција“, несомнено потврдуваат зошто Аира важи за еден од најинтригантните и најиновативните современи автори.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Книжевна конференција

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Сесар Аира
  • Достапност: На залиха
  • 230 ден
  • 161 ден


  • 1 или повеќе 161 ден

Слични продукти

Татковина

„Татковина“ е приказна за две семејства што живеат во едно мало баскиско село во близина на Сан Себа..

Автор:

343 ден 490 ден

Море на спокојството

Меланхолична приказна за уништувањето на познатиот свет, патувањето низ времето и осаменоста.Во 1912..

Автор:

288 ден 360 ден

Трафикант

„Трафикант“ е топла и потресна приказна за необичното пријателство меѓу младиот Франц Хухел и профес..

Автор:

203 ден 290 ден

Избрани раскази

Чехов е автор на околу 900 дела, најголемиот дел хумористични раскази, драми, новели и повести, кои ..

Автор:

338 ден 450 ден

Ознаки: knizevna konferencija, sesar aira