„Фати го зајакот“ е приказна за две жени и нивното сложено пријателство. Дванаесет години по нивната последна средба, Сара добива телефонски повик од Лејла, по којшто решава да отиде на патување со автомобил од Мостар во Виена, со цел двете заедно да го најдат Армин, одамна исчезнатиот брат на Лејла. Патувањето ќе се покаже како нешто многу повеќе од обично повторно поврзување на старите училишни другарки: товарот на нивната заедничка приказна на моменти станува претежок.
„Лана Басташиќ… се издвојува со зрелоста на своето романескно писмо, со својот автентичен раскажувачки глас, со специфичната енергија на раскажувањето и, најважно, со високите книжевни стандарди што ги поставува уште во својот дебитантски роман.“ - Дубравка Угрешиќ
„Романот на Лана Басташиќ за две млади жени кои понираат во поствоената Босна како две Алиси во Земјата на чудата е мудар, енергичен, страстен роман, кој најавува голем талент.“ - Александар Хемон
Фати го зајакот
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Лана Басташиќ
- Достапност: На залиха
- 290 ден
-
203 ден
-
- 1 или повеќе 203 ден
Слични продукти
Куќа на духови
Сага за четири генерации на семејството Труеба, нивните драматични семејни односи, успеси и падови.Е..
450 ден 600 ден
Малибу во пламен
Четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, ..
384 ден 480 ден
Чудни цвеќиња
Чудни цвеќиња е приказна за прогонството и враќањето, за загубата и откривањето, за залекувањето од ..
245 ден 350 ден
Ознаки: fati go zajakot, lana bastasikj
