„Небото“ е дистописки роман што се занимава со исклучително актуелни теми: климатските промени, растечката нееднаквост во рамките на социјалната држава, моќта на технолошките иновации, потребата на луѓето да живеат во паралелен виртуелен свет, силата на десничарските националистички движења. Приказната е сместена во поранешната престолнина на Финска, градот-држава Хелсинки, во 2058 година. По граѓанската војна, општеството е драстично променето, а власта ја има преземено националистичкото движење наречено Светлината. Сите граници се затворени, контактот со надворешниот свет не постои и веќе никој нема визија за посветла иднина. Наместо тоа, Светлината на своите граѓани им ја нуди можноста дел од своето слободно време да го поминат во виртуелно создадениот свет наречен Небото. Токму во тој виртуелен свет, младиот научник Аксели ја среќава Ина. Нивната љубов ќе предизвика промени што ги надминуваат границите на една обична љубовна приказна.

„’Небото’ е исклучителен повеќеслоен роман. Во него се анализираат неколку феномени карактеристични за нашето време и се предвидува што може да произлезе од нив. Романот не се занимава само со политички теми, туку и со психологијата на човекот. Авторката ги користи главните ликови за да отвори теми поврзани со родот, со сликите што самите ги создаваме за себеси, со игрите на моќ меѓу луѓето и за тоа како можеш да почнеш со едни претпоставки, а да завршиш со целосно различни толкувања и заклучоци.“ - Хелсингин саномат

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Небото

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Пиа Лејно
  • Достапност: На залиха
  • 290 ден
  • 203 ден


  • 1 или повеќе 203 ден

Слични продукти

Дневник од Гвантанамо

„Верзија на пеколот што го надминува Орвел, го надминува Кафка: постојана тортура пропишана од лекар..

Автор:

420 ден 600 ден

Толку долго патување

Густад Нобл е чесен човек, горд татко и добар сопруг кој сонува за безбеден живот во мирно соседство..

Автор:

245 ден 350 ден

Мистикот Јунг

Оваа нова биографија на Карл Густав Јунг ја пополнува празнината во нашето сфаќање и разбирање на ос..

Автор:

338 ден 450 ден

Резерва

Тоа беше една од највпечатливите фотографии на 20 век: две момчиња, двајца принцови, чекорат зад ков..

Автор:

443 ден 590 ден

Ознаки: neboto, pia lejno