„Ада или жар“ е книжевна провокација што ги доведува во прашање темелите на романот како жанр, но и границите на самата книжевност. Пишуван и преработуван цели десет години, романот е врв на зрелото творештво на Владимир Набоков – започнува како класична семејна сага во манирот на Толстој, но брзо се трансформира во стилски експеримент во кој се преплетуваат љубовни мотиви, митски алузии, фантастични елементи, филозофски есеи за суштината на времето…
Во таа смисла, ова несомнено е најсложениот текст на Набоков, и тоа во „конкуренција“ на „Блед оган“, „Пнин“, „Погледни ги арлекините“, па дури и „Лолита“. Всушност, зборувајќи метафорично, „Ада“ е постарата, лукава книжевна сестра на „Лолита“, грандиозно ремек-дело на еден од најголемите автори на XX век.
Ада или жар
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Владимир Набоков
- Достапност: На залиха
- 525 ден
-
368 ден
-
- 1 или повеќе 368 ден
Слични продукти
Дождови во мај
Сублимирани емоции со две лажички мед. Сензитивна и сензуална. Длабоко интимна и без задршка. Ранлив..
175 ден 250 ден
Избрани раскази
Чехов е автор на околу 900 дела, најголемиот дел хумористични раскази, драми, новели и повести, кои ..
338 ден 450 ден
Големата црвена книга 2
Џелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенство, е автор на возвишени стих..
263 ден 350 ден
Ознаки: ada ili zar, vladimir nabokov