Во детството нештата не се секогаш такви какви што изгледаат на прв или на втор поглед: мајките и татковците понекогаш може да не се многу внимателни родители, бабите и дедовците не се секогаш заштитници кои знаат мудри и убави приказни, гуските не се секогаш вистински птици со пердуви, а ни самите деца не се вистинската верзија на себеси.
Преку необичен и автентичен светоглед, во романот „Диви гуски“ се раскажува приказна за едно детство кое е среќно како и сите други, а сепак и несреќно на свој начин. А приказната би можела да биде и сосем поинаква – доколку едни се сакале многу повеќе, а други се сакале малку помалку; доколку некои простории останале заклучени, а други отворени; доколку некои зборувале помалку, а други молчеле; доколку некои преживеале, а други умреле навреме…
„Јазикот со кој Адамовиќ ја гради својата приказна е невообичаен, речиси на работ на реалноста, а речениците, иако јасни и експлицитни, често повеќе премолчуваат отколку што кажуваат, па останува на читателот да проникне во длабочината на нивните слоеви.“ - Илија Ашчиќ, „Артикулације“
„Неочекувано ремек-дело од мрачните панонски рамници.“ - Миљенко Јерговиќ, „Јутарњи лист“
„Во ‘Диви гуски’ јасно доаѓа до израз талентот на авторката. Таа смислува приказна која нè вовлекува во себе. Нејзиниот начин на раскажување ‘се лепи’ за читателот како магнет. И потоа времето застанува.“ - Љерка Цар Матутинивиќ, „Вјенац“
Диви Гуски
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Јулијана Адамовиќ
- Достапност: На залиха
- 290 ден
-
203 ден
-
- 1 или повеќе 203 ден
Слични продукти
Море на спокојството
Меланхолична приказна за уништувањето на познатиот свет, патувањето низ времето и осаменоста.Во 1912..
270 ден 360 ден
Излегувањето од сенка
XIX век во Струга, Митра Миладинова и Султана Миладинова, поттикнати од понудената поддршка на руски..
263 ден 350 ден
Писма до Милена
За писмата на Кафка често се вели дека може да се читаат како љубовен епистоларен роман во кој главн..
434 ден 620 ден
Одбивна среќа
Што би се случило ако погледнеме подалеку од видливото?Неодолива збирка од 11 раскази со семејна, ер..
225 ден 300 ден
Ознаки: divi guski, julijana adamovikj