Вистински значајните нешта во нашите животи можат да се соберат само во две-три кутии. Ако навистина имаме среќа, на крајот во тие кутии ќе има само неколку спомени кои сакаме да ги заборавиме засекогаш. Дали е подобро да се соочиме со себе или да ризикуваме да се изгубиме себеси?
Преплетувајќи приказни за две исклучителни жени, храбриот роман на младата исландска книжевна ѕвезда, Кристин Еириксдотир, зборува за големите трауми и малите животни радости, за сеќавањето и заборавањето на најважните мигови од животот, за неправдата која е проткаена низ нашите животи и начините да ја надминеме, или барем да научиме да живееме со неа. „Елин, разно“ е исклучително актуелно дело кое ги допира горливите прашања со кои сме принудени да се соочиме во нашиот сè попроблематичен свет.
„Главните теми во делото на Кристин Еириксдотир се копнежот по љубов и разбирање, како и борбата против излоацијата, осаменоста, насилството и стравот. Романот ‘Елин, разно’ ги обединува сите овие мотиви. Во него јасно го слушаме моќниот глас на една млада жена, преточен во комплексен и густ уметнички текст.“ - Извадок од образложението на номинацијата за наградата за книжевност на Нордискиот совет
Елин, разно
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Кристин Еириксдотир
- Достапност: На залиха
- 325 ден
-
228 ден
-
- 1 или повеќе 228 ден
Слични продукти
Како да бидеш парижанка, каде и да си
Од четири извонредни и успешни Французинки – конечно – свеж и смел поглед на тоа што значи да се бид..
490 ден 700 ден
Чичко Горио
Чичко Горио е еден од жителите во валканиот пансион на Мадам Вокер. Отпрвин неговото богатство преди..
245 ден 350 ден
Сто љубовни сонети
„...со многу понизност ги создадов овие сонети од дрво и им го дадов оној звук на непроѕирна и чиста..
240 ден 300 ден
Ознаки: elin, razno, kristin eiriksdotir