Мајка го убива својот четиригодишен син и се самоубива, без да остави проштално писмо, ниту какво било објаснување на трагичниот настан. По смртта на братчето и мајката, Елишка расне со десетгодишна празнина наместо детство. Нејзиниот живот се распаѓа на два дела: едниот го живее деветгодишното девојче во нормалното четиричлено семејство, а другиот го живее студентката Елишка, која одлучува да го расветли кобниот настан.
Зошто мајка ѝ го направила тоа? Зошто ја поштедила Елишка? Зарем мајката може да го убие сопственото дете? Какви причини треба да постојат за тоа? Тоа се само дел од прашањата што читателот се обидува да ги одговори заедно со Елишка во текот на овој несекојдневен и зашеметувачки роман.
Викторие Ханишова (1980) дипломирала англистика и германистика на Карловиот универзитет во Прага. Како писателка дебитира во 2015 година со успешниот роман "Анешка" и оттогаш е едно од најголемите откритија во чешката книжевност. Во 2018 година го напиша романот "Печуркарката", преведен и издаден во Македонија во 2019 година во издание на Муза. Романот "Реконструкција" ја заокружува слободната трилогија од романи на тема психологија на односите во нефункционално семејствo.
Реконструкција
- Издавачка куќа: Муза
- Автор: Викторие Ханишова
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Животот што го посакуваше
Од зад завесите, Сара кришум го набљудуваше младиот брачен пар како излегува од куќата. Беше невооби..
245 ден 490 ден
Лажливиот живот на возрасните
Уште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните.Убавото лице на 13-год..
338 ден 450 ден
Библиотекарката од Аушвиц
Животот, сечиј живот е многу кус. Но, ако успееш да бидеш среќен, барем во само еден момент, вредело..
375 ден 500 ден
Ознаки: rekonstrukcija, viktorie hanisova
