Берд е мало гратче сместено меѓу ерменските планини. Таму секоја куќа има своја приказна, секој сосед има своја болка, а секое утро мириса на свеж леб. Во тој свет, истовремено суров и нежен, расте едно девојче, кое уште учи што значат љубовта и загубата, и кое инсистира да го викаат само Девојчето. Низ нејзините очи се раѓа мозаик од луѓе што не исчезнуваат ни кога ќе заминат: баби што раскажуваат како да кажуваат молитви, мајки што тивко го носат светот на своите плеќи, соседи што се караат и се сакаат со иста страст.
„Луѓето што се секогаш со мене“ е топол и светол роман за вечната присутност на оние што нѐ обликуваат. За љубовта која не престанува, за спомените што светат во мракот, и за добрината – најсилната форма на отпор.
По големиот успех на „Три јаболка паднаа од небото“, Абгарјан ни претставува уште една нежна и длабока приказна – „Луѓето што се секогаш со мене“ е книга полна со топлина и човечност.
Луѓето што се секогаш со мене
- Издавачка куќа: Муза
- Автор: Нарине Абгарјан
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
273 ден
-
- 1 или повеќе 273 ден
Слични продукти
Сребрениот куфер
Во 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелиј..
384 ден 480 ден
Споменот на него
По отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа в..
392 ден 490 ден
Ловејќи го ветрот
Што се случи со Брижит Бертхолд?Тоа прашање го прогонува Даниел Витез уште од неговата тринаесетта г..
315 ден 450 ден
Островот на срцебиењето
Роман кој со својата едноставност успева да го трогне читателот и да пренесе пораки од непроценлива ..
338 ден 450 ден
