Во свет каде што традициите се силни, каде што владеат предрасуди и непоколебливи стереотипи, каде што чувствата обично се држат под строга контрола, тешко му е на оној што ќе се дрзне да го послуша своето срце. Но, срцето не ги знае правилата, а исходот може да биде целосно непредвидлив.


Во ова веројатно најголемо книжевно дело на сите времиња, Ана Каренина доаѓа во Москва за да помогне да се сочува бракот на брат ѝ Степан со неговата сопруга Доли. Таму се среќава со офицерот Вронски и започнува страсна, но забранета врска. Кити, која е вљубена во Вронски, е разочарана кога тој ја одбира Ана и го одбива Левин, кој ја сака искрено. Левин се повлекува на својот имот, трагајќи по смислата на животот. Во меѓувреме, врската меѓу Ана и Вронски станува сè подлабока, а нејзиниот брак со Каренин се распаѓа.


Бездната на страстите, љубовта и предавството, раѓањето и смртта, вечната потрага по смислата на животот, моралниот идеал, скриените закони на постоењето – дури е невозможно да се наброи разновидноста на темите што ги покренал Лав Толстој во своето бесмртно дело.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Ана Каренина том 1

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Лав Н. Толстој
  • Достапност: На залиха
  • 650 ден
  • 488 ден


  • 1 или повеќе 488 ден

Слични продукти

Белата тврдина

Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..

Автор:

270 ден 360 ден

Нов живот

Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..

Автор:

315 ден 420 ден

Подвижна гозба

„Ако сте имале среќа во младоста да живеете во Париз, подоцна каде и да ве однесе животот, тој ќе ос..

Автор:

225 ден 300 ден

Се гледаме во август

Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана ..

Автор:

263 ден 350 ден

Ознаки: ana karenina, lav tolstoj