Приказната е сместена во XIX век, во дворот, „авлијата“, на еден затвор во Цариград, познат по своите тешки правила и услови.


Фра Петар е црковно лице од Босна кое е во затвор поради неправедна пресуда.  Чекајќи да биде ослободен, тој се сретнува со најразлични затвореници, а секој носи инаква трагична судбина.


Фра Петар ги става случувањата од затворскиот живот како во рамка, навлегувајќи во низа поединечни судбини на луѓето што таму ги сретнува, а преку чии животни приказни се запознаваме со многу нијанси од општествениот живот, како во тековниот миг така и од поблиското и подалечното минато на Цариград и на Отоманското Царство воопшто. При тоа се осветлува апсурдноста што произлегува од бездушноста и неукоста на администрацијата на една империја во својот залез, чии жртви често се и невините.


Начинот на структурирање е приказна во приказна, а делото претставува мајсторски урамнотежена целина. Андриќ умешно го користи затворот како метафора за опсесијата и животот на обичниот човек, кој има непредвидлив тек кога се наоѓа под авторитарна власт.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Проклета авлија

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Иво Андриќ
  • Достапност: На залиха
  • 250 ден
  • 188 ден


  • 1 или повеќе 188 ден

Слични продукти

Зборови што го менуваат светот

Претседателот Путин е со најбрз подем на листата од три илјади светски лидери, изгласан ка..

Автор:

350 ден 500 ден

Книжевна конференција

Краткиот роман „Книжевна конференција“ е објавен во 1997 година и претставува спој на клучните елеме..

Автор:

161 ден 230 ден

Победниците

Моќна, емотивна приказна која влева надеж за подобра иднина!Поминаа две години од настаните на кои н..

Автор:

563 ден 750 ден

Сто љубовни сонети

„...со многу понизност ги создадов овие сонети од дрво и им го дадов оној звук на непроѕирна и чиста..

Автор:

225 ден 300 ден

Ознаки: prokleta avlija, ivo andrikj