Нема посоодветна личност за запознавање на почетниците и за потсетување на искусните практиканти со основите на тибетскиот будизам од Неговата светост Далај Лама.


Обраќајќи се на публика сочинета од ученици од Западот, тој ни покажува како да ги применуваме основните будистички начела во нашите секојдневни животи. Почнувајќи токму со темелот на будизмот, со Четирите благородни вистини, ја поставува рамката за разбирање на првите учења на Буда за страдањето, за среќата и за мирот.


Потоа следуваат негови коментари за два од најважните будистички текстови од аспект на длабочината на увидот: „Осум строфи за извежбување на умот“ и „Ламба за патот до просветлувањето“ од Атиша, при што често го посочува првонаведениот текст како еден од главните извори на инспирација за практикување сочувство.


Со јасен, разбирлив јазик и со препознатливата смисла за хумор, која проблеснува во речиси сите негови дела и активизам, Далај Лама нè поканува сите да развиеме најпрониклива свесност, вистинско и правилно разбирање на природата на стварноста и искрено сочувство за сите битија.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Вовед во будизмот

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Далај Лама
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 263 ден


  • 1 или повеќе 263 ден

Слични продукти

Стоички мудрости за секој ден

„Стоички мудрости за секој ден“ е несекојдневно четиво што пружа сеопфатен поглед и исцрпно знаење в..

Автор:

450 ден 600 ден

Женската психологија

Oваа извонредна книга претставува реакција на теориите во кои доминира машкоста, меѓу кои и гледиште..

Автор:

350 ден 500 ден

Патот на зенот

„Патот на зенот“ од 1957 година до денес стекна статус на парадигматско дело, во кое Алан Вотс ги об..

Автор:

450 ден 600 ден

Не знам кај ми е главата

Оваа книга е водич, заснован на истражување за тоа како жените можат да се справат со менопаузата, к..

Автор:

293 ден 390 ден

Ознаки: voved vo budizmot, dalaj lama