Вертер е чувствителен млад човек, кој се преселува во мало гратче каде што ја запознава и се заљубува во Шарлота, љубезна и интелигентна девојка која веќе е верена со Алберт. Иако на Вертер му е јасна ситуацијата во која се наоѓа, тој е обземен од љубовта која ја чувствува кон Шарлота. Води записи за да ги скроти своите чувства, но и да ѝ се обрати на саканата.
Обземен од меланхолија поради невозвратената љубов и чувствувајќи се како никој во светот да не го разбира, се свртува кон природата, но не може да избега од оковите што му ги наметнува општеството. Неговите писма го следат емотивното патување низ кое тој минува, како и опсесијата која има трагичен крај.
Првиот и најпознат роман на Гете е издаден во 1774 година и содржи автобиографски елементи. „Страдањата на младиот Вертер“ извршила огромно влијание со своето објавување. Т.н. „Вертеров ефект“ довел дотаму што во извесни периоди била забранувана во Италија и во Данска.
Страдањата на младиот Вертер
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Јохан Волфганг Гете
- Достапност: На залиха
- 300 ден
-
225 ден
-
- 1 или повеќе 225 ден
Слични продукти
Смртта на Иван Илич, Кројцерова соната, Отец Сергиј
„Смртта на Иван Илич“ (1886)Од детството, па сè до крајот на неговиот живот, Иван Илич честопати се ..
300 ден 400 ден
Се гледаме во август
Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана ..
263 ден 350 ден
Бедни луѓе
Несреќата е заразна болест. Несреќните и сиромашните треба да се избегнуваат меѓусебно, за да не се ..
225 ден 300 ден
