Главниот лик на романот, Инокентиј Петрович Платонов, се буди во болнички кревет и сфаќа дека не се сеќава на ништо – ни на своето име, ни како завршил тука. По предлог на својот лекар, ќе започне да го запишува секој детаљ што ќе се врати од неговото сеќавање. Платонов создава калеидоскоп од слики, лица, зборови, мириси, звуци и случувања поврзани со животот на еден млад човек во екот на Руската револуција, болшевизмот, необолшевизмот и анархијата… Иако поголемиот дел од неговото минато се однесува на почетокот на XX век, Платонов насетува дека се разбудил во едно друго време… На апчињата покрај неговиот кревет пишува дека е 1999 година?!
Во Русија нарекуван „Умберто Еко“, во Америка „рускиот Маркес“, Водолазкин со овој роман го оправдува и го потврдува епитетот гениј, создавајќи проза за сеќавањето и простувањето, за вината и невиноста, истовремено обликувајќи ја нежно и тажно, со силна духовна и литерарна димензија, претставувајќи го најмрачниот период на руската историја низ индивидуална судбина, зашто, како што и самиот вели, „политиката е на маргините во однос на она што се случува во душата на човекот“.
Дали Платонов ќе успее да се приспособи на својата нова реалност?
Авијатичарот
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Евгениј Водолазкин
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Чудесна зима
Поезијата доаѓа исклучиво од внатрешноста на поетот. Сопствениот глас – вклучително и она што го нар..
161 ден 230 ден
Книгите што го проголтаа татко ми
Вивалдо Бонфин е службеник со здодевна работа, па честопати во даночната канцеларија во која работи ..
175 ден 250 ден
На дното, Раскази
Ова издание ги обединува „На дното“, едно од најмоќните драмски дела на Максим Горки, и избор о..
280 ден 400 ден
Бисерната сестра
Бисерната сестра е четврта книга од серијалот Седумте сестри.Ова е како одење на фантастичен книжеве..
413 ден 550 ден
Ознаки: avijaticarot, evgenij vodolazkin