Да пронајдеш значење во нешто толку минливо како животот. Пред да трепнеш – поминал...
Роман за деструктивната моќ на тагата и недоразбирањата меѓу најблиските, но и нежна приказна за љубовта – од скриена, потисната и уништена со погрешни потези, до видлива, остварена и исцелителна.
Интровертниот Иван (22) е успешен шахист, а неговиот постар брат Питер е навидум елоквентен и харизматичен адвокат. Во неделите по загубата на татко им, тие (се) уништуваат и обновуваат, губат и го наоѓаат својот пат.
Сали Руни моќно и без отстапки кон сентименталноста, ги покажува начините на кои овие двајца браќа и три жени поврзани со нив на најнеобични начини, се борат за интеграција на нивните интимни врски во општествениот живот.
Интермецо во шахот е неочекуван потег. Со секој таков потег на ликовите, авторката ја зголемува читателската возбуда и во својот препознатлив стил ненаметливо поставува важни прашања, од економски и идеолошки до филозофски – за вистината и смислата на постоењето.
Интермецо
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Сали Руни
- Достапност: На залиха
- 650 ден
-
488 ден
-
- 1 или повеќе 488 ден
Слични продукти
Три јаболка паднаа од небото
Три јаболка паднаа од небото – „едно за оној што видел, друго за оној што раскажал, а..
266 ден 380 ден
Момент на неизбежното
Ана, богата млада девојка без емоции, бесрамно ги искористува и ги отфрла мажите, ги понижува и си и..
368 ден 490 ден
Ние не требаше да се сретнеме
Колку време и жртви се потребни за да се врати животот таков каков што бил пред доживеаната несреќа?..
300 ден 400 ден
