Во секој од нас постои глас кој никогаш не замолчува. Тој не ти дозволува да спиеш, не ти дозволува да сонуваш, не ти дозволува да веруваш. Тој е твојот најголем критичар, безмилосен судија, сенка што никогаш не заминува. Те учи дека не заслужуваш љубов, дека секој обид за успех ќе заврши со пораз, дека секоја среќа е само илузија. Те убедува дека твоите грешки се твојата единствена вистина, а твоите стравови се единствената иднина.
Колку повеќе се обидуваш да го игнорираш, толку погласно ти шепоти. Понекогаш се крие зад зборови како разум и реалност, понекогаш носи маска на грижа и заштита. Но, секогаш е во тебе – истоштувачки, упорен, безмилосен.
Оваа книга е автобиографијата на тој глас, сведоштво за неговите лаги и измами, за неговата разорна моќ. Но, истовремено, таа е и огледало за тебе. Приказна што ќе те натера да се соочиш со сопствените мисли и со можноста конечно да го препознаеш, да го разоткриеш и да побегнеш од неговиот мрак.
Гласот во твојата глава
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Коста Петров
- Достапност: На залиха
- 299 ден
-
224 ден
-
- 1 или повеќе 224 ден
Слични продукти
Животни радости
Ова е едно од многуте охрабрувачки списи од Марден. Најинспиративната книга што некогаш ќе ја прочит..
280 ден 400 ден
Моќта на самодовербата
Моќта на самодовербата е неверојатна книга што ви дава бесценети совети и конкретни насоки за себера..
300 ден 400 ден
Реинкарнација
Реинкарнацијата не е само „источно“ знаење, зашто мислата за реинкарнацијата беше жива и во прахрист..
154 ден 220 ден
Преку илузија до радост
Пред да се раздени, во најтивките моменти, кога нејзиниот свет мирува, Ани слушна глас што ѝ се обра..
675 ден 900 ден
Ознаки: glasot vo tvojata glava, kosta petrov
