Секој може да се фати во замката на зависноста. И секој може исто толку лесно да се ослободи од неа...
Зависноста е самотно место. Кога ја отстрануваш од своите навики, не се „откажуваш“ од ништо. Откажувањето подразбира некаква загуба. Во овој случај, ти имаш само придобивки.
Научи како да имаш целосна контрола врз својот живот. Потребен ти е само лесниот метод на откажување – не само од пушењето, туку и од сите негативни навики што му штетат на твоето здравје. Алкохолот, долговите, коцкањето, рафинираниот шеќер... сè што создава зависност.
Ален Кар бил страстен пушач повеќе од 30 години. Во 1983 година, по многу неуспешни обиди, престанал да пуши без никаква мака, без употреба на цврста волја и без да се здебели. Така го открил лесниот начин за откажување од пушењето и почнал да го шири низ целиот свет претворајќи го во своја мисија. Тој го разоткрива митот дека пушачите уживаат во пушењето, дека тоа е личен избор, дека ослободува од стрес и опушта. Тој ни покажува што точно стои зад сето тоа – вистинските причини поради кои луѓето почнуваат да пушат и не престануваат, како и јасен метод за брзо и безболно откажување.
Објавена на 40 јазици и продадена во над 14 милиони примероци, оваа книга е светски бестселер токму заради нејзината моќ. Зошто да не ја примениш и ти?
Лесниот начин да престанеш со пушење
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Ален Кар
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Исто како и секогаш
Најдобриот финансиски план е да штедиш како песимист и да инвестираш како оптимист. Инвестирај во по..
413 ден 550 ден
Психологија на детето
Индивидуалната психологија детално се занимава со детската психологија, колку поради значењето на ов..
280 ден 400 ден
Може оној што верува дека може
Кој може да го победи силниот човек кој верува во себеси? Бидете сигурни дека вашиот успех никогаш н..
280 ден 400 ден
Животот е убав ако се знае да се живее
Постојат три вида книги: книги за забава, книги за учење и книги за лична промена. Читајќи ја оваа к..
675 ден 900 ден
Ознаки: lesniot nacin da prestanes so pusenje bez da upotrebis silna volja, alen kar, без да употребиш силна волја
