Не постои едно среќно место на светот. Кога си тажен, насекаде е тажно. Но, кога си среќен, среќно е секое место...
Необично мудар роман за една неочекувана гостинка на свадбата...
Кога Фиби Стоун пристигнува во раскошниот хотел во Корнвол, времето е одлично и сосем соодветно за нејзиниот елегантен фустан и потпетиците. Сите веднаш помислуваат дека е една од поканетите, но таа е единствената гостинка што не е дојдена за големиот настан, туку зашто со години сонувала да дојде на ова место на зајдисонце, заедно со нејзиниот сопруг.
И ете ја, но сама. Решена да му стави крај на својот тажен живот. Во меѓувреме, невестата ги зема предвид сите детали што можат да ѝ ја уништат целонеделната свадба. Она што ја спречува катастрофата е начинот на кој овие две жени почнуваат да се запознаваат и да си се доверуваат.
Од апсурдно смешни до трогателно нежни моменти, комична и поразително нежна, оваа книга е нијансиран поглед кон кривулестите патеки на кои заскитуваме и кон случајните средби што имаат моќ да нè пренасочат. За да ги смениме одлуките и повторно да се вљубиме во животот. Роман кој ни докажува дека приказната може да биде убава, не само заради крајот, туку и заради начинот на кој е напишана...
Луѓето од свадбата
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Алисон Еспак
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
Првата вечерна ѕвезда
Пајпер Дав е жена со сон – да стане најдобриот детектив во Чикаго. Прва задача? Да го следи бившиот ..
330 ден 440 ден
Песто паста - храна на љубовта
Лора Патерсон, студира историја на уметност во Рим. Таа одлучува дека отсега па натаму, ќе излегува ..
338 ден 450 ден
Дива Марија Калас
Венеција 1957 година. Марија Калас е најголемата оперска певица на своето време, нејзиниот глас има ..
413 ден 550 ден
Ознаки: lugjeto od svadbata, alison espak
