Како да сфатам што зависи, а што не зависи од мене? Не ми оди од рака и не ме исполнува она што го работам. Како може да бидам послободен во животот? Тешко ми е да ги одбивам луѓето. На крај, тоа мене ме повредува.
Некоја од овие мисли денес сигурно ти помина низ умот и ти создаде грижа. Се проценува дека дневно имаме околу 60 000 мисли. Замисли колку е уморна твојата душа ако поголем дел од оваа и онака голема бројка се негативни мисли. Ако е така, тогаш време е да настапат стоиците. Тие го имаат клучот што ќе те ослободи од кафезот на мислите што носат грижи.
Во оваа книга ќе видиме како размислувал Епиктет, робот кој станал еден од најголемите стоици во човештвото, за прашања кои се актуелни до ден-денес. Оваа книга ќе ти понуди:
- 79 прашања за животот
- 79 одговори од стоикот Епиктет втемелени врз неговата вековна уметност од книгите „Енхиридион – прирачник за доблесно живеење“ и „Разговори“
Ти си трагач. Си ги поставуваш прашањата за проблемите и мистериите на животот. Добиј го одговорот од самиот Епиктет. Исто како да е спроти тебе додека седиш на каучот преплавен со прекумерни мисли. Ова е книгата што ќе ги растера облаците. Отсега твојот ум ќе биде здраво место за живеење, а твојата душа – дом на спокојството...
Остани безгрижен со Епиктет
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Јана Капри
- Достапност: На залиха
- 280 ден
-
210 ден
-
- 1 или повеќе 210 ден
Слични продукти
Современо семејство
Духовит и практичен водич низ предизвиците на современото семејство.Како да воспоставите добри однос..
338 ден 450 ден
Ти си ѕвер секој ден
Од авторката на Њујорк Тајмс бестселерите „Ти си ѕвер“ и „Ти си ѕвер за правење пари“, џебен помошни..
203 ден 270 ден
Да се живее поинаку
Базирана врз долгогодишни научни истражувања во областа на психологијата, како и врз професионалното..
225 ден 300 ден
Одмотајте го клопчето на анксиозноста
Бестелсер на „Њујорк тајмс“ и на „Волстрит џорнал“Како да ги прекинете циклусите на загриженост и ст..
375 ден 500 ден
Ознаки: ostani bezgrizen so epiktet, jana kapri, caran dijaz, чаран дијаз
