Љубовта е тивко, смирувачко, релаксирачко, неизбрзано, педантно, хармонично брмчење. Нешто што лесно можете да заборавите дека е тука и покрај тоа што неговите дланки се испружени под вас во случај да паднете.
Мемоари за раната зрелост со сета нејзина застрашувачка и надежна неизвесност. Кога станува збор за обидите да се стане возрасен, новинарката и поранешната колумнистка на Сандеј тајмс, Доли Олдертон сето тоа го има видено и пробано. Во своите мемоари таа раскажува за заљубувањето, наоѓањето работа, опиеноста, отфрлањето, фактот дека момчето на кое во моментот се потпира воопшто не може да се спореди со нејзините најдобри пријателки. Мемоари за лоши состаноци, добри пријатели и пред сè – прифаќањето дека сме повеќе од доволни.
Екстремно забавна, а на моменти трогателна до солзи, посветена на справувањето со сите видови љубов во животот, духовита, полна со топлина и хумор. „Сѐ што знам за љубовта“ преплетува лични исповеди со сатирични забелешки, кратки потсетници, дневнички записи, рецепти за вкусни јадења – во кои баш секој може да се препознае – и притоа да се смее од сѐ срце.
„Доли Олдертон ја доживувате истовремено како најдобра другарка и како постара сестра, а страниците напишани со нејзина рака ве обвиваат како топла прегратка.“ - Ивнинг стандард
Се што знам за љубовта
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Доли Олдертон
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Богатство што не се купува со пари
Ако си креативен, продуктивен, амбициозен – или сакаш да станеш – оваа книга е за тебе.„Богатство шт..
450 ден 600 ден
Смислата на животот
„Смислата на животот“ е последното големо дело на Адлер. Тој во предговорот вели: „Што се однесува д..
280 ден 400 ден
Стоички мудрости за секој ден
„Стоички мудрости за секој ден“ е несекојдневно четиво што пружа сеопфатен поглед и исцрпно знаење в..
450 ден 600 ден
Моќта на потсвеста
Еве го целосниот оригинален текст на прирачникот за самопомош продаден во милиони примероци ширум св..
338 ден 450 ден
Ознаки: se sto znam za ljubovta, doli olderton
