Зборовите на мајка ми никогаш не беа туѓи. Сите влегуваа во мојот јазик, во кој ќе останат засекогаш...
Во брилијантната проза на Мира Марќинув сè е непредвидливо и чудно, а најчудна е смртта што не треба да се случи. Иако на децата им се чини дека нивните мајки секогаш треба да бидат со нив, во светот постојат две крајни, непредвидливи околности: се умира со трагична смрт или по долго страдање.
Во „Безматичник“ Мира Марќинув се обидува да изнајде нов јазик за да ја опише загубата на саканата личност. Интимноста и недостигот таа ги претвора во книжевност: моќна, духовита и истовремено треперлива, сурово искрена, полна со нежност и копнеж… иако огромната празнина не може лесно да се пополни.
„Безматичник“ е обид да се пронајде и да се разбере љубовта, желбата да се живее и бегството од смртта. Енергичен роман за отсуството, сеќавањата, детството во посттранзициската реалност на 90-тите години. За една безмерна љубов каква што може да се случи само меѓу мајка и нејзината ќерка, која се чувствува како пчела што ја изгубила својата матица.
Безматичник
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Мира Марќинув
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
300 ден
-
- 1 или повеќе 300 ден
Слични продукти
Последната книжарница во Лондон
Безвременски роман за храброста, љубовта и трајната моќ на книгите, инспириран од вистинска приказна..
315 ден 450 ден
Еден ден со тебе
Еден ден, пет животи, но чии срца ќе бидат скршени со завршувањето на ноќта?Денот за сите започна во..
368 ден 490 ден
Ознаки: bezmaticnik, mira markjinuv
