Ако можеме активно да сакаме, нема да има ни недостиг на внимание ни растројство...
Книга што го разбива митот за растројството со недостиг на внимание, задолжително четиво за родителите и за сите кои сакаат да разберат како искуствата во детството ги обликуваат биологијата и психологијата на човечкиот мозок.
Растројството со недостиг на внимание (АДД) сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста поради неговата широка распространетост и влијанието врз децата, но и врз кариерата на возрасните и социјалниот живот. Опишувајќи ја болната реалност на многу луѓе, искрено споделувајќи го своето лично искуство како возрасен со оваа состојба и татко на три деца со истата дијагноза, д-р Мате повикува на создавање семејни односи што гарантираат простор во кој сите се чувствуваат разбрани и сакани онакви какви што се.
Длабинската анализа и терапевтските опции засновани врз емоционална блискост и емпатија ќе ги променат животите на милиони деца и возрасни. Универзални по својата суштина и вредност, советите во оваа остроумна и привлечна книга се верен водич во односите на човекот со себеси, со своите деца и со опкружувањето, и ја враќаат нашата верба во првобитното право на уникатност и независност. Книга која нуди вистинска надеж и практични совети за децата и возрасните кои живеат со оваа состојба.
Расеани умови
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Габор Мате
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Светот ти припаѓа тебе: Што ти недостасува?
Светот ти припаѓа тебе е книга која го издржа тестот на времето. Ова е книга за секој што сака да ја..
280 ден 400 ден
Школа за извонредност
Кога поради сериозна повреда останува без работа и практично живее на каучот на сестра му, познатиот..
315 ден 420 ден
Манифестирај!
„Сигурна сум дека некој некогаш ви кажал дека не можете да имате сè. Јас сум тука да ви кажам дека м..
368 ден 490 ден
Моќта на умот : тајната на менталната магија
Mоќта на умот е монументално достигнување во науката за умот. Нејзината вредност денес е уште поизра..
350 ден 500 ден
Ознаки: raseani umovi, gabor mate
