Во текот на мојот прв ден во Монтана, ќе настанеше тепачка за количка за пазарување во продавница. Најзгодниот маж кој некогаш сум го видела ги смири тензиите пред да ме покани на состанок. И за малку ќе прифатев… но, тогаш ми го кажа своето име.

Како сопственик на ранчот Хејвен Ривер, Џакс Хејвен не ми беше шеф. Но, и делумно ми беше. Работите беа комплицирани. Па, единствената опција ми беше да го одбијам, да побегнам, а потоа да се преправам дека не се знаеме на првиот работен ден. И многу јасно, не смеев да си дозволам да се дознае дека потајно бев малку зацапана во него.

Па така, колку што се трудам за работата, двојно повеќе се трудам да се преправам дека Џакс не постои. Не си дозволувам да мислам на неговите сјајни очи или шармантната насмевка. Игнорирам колку нездраво добро изгледа во пар избледени фармерки. И не ме интересира колку секси му стои каубојскиот шешир – Џакс е дистракција што не можам да си ја дозволам. И сѐ одеше по планот до вечерта на забавата, кога испивме малку повеќе. По една ноќ во неговиот кревет, веќе нема теоретски шанси да го игнорирам Џакс Хејвен. Барем не сега кога носам негово дете.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Зрак надеж

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Девни Пери
  • Достапност: На залиха
  • 520 ден
  • 416 ден


  • 1 или повеќе 416 ден

Слични продукти

Вистински бои

Сестрите Греј отсекогаш биле блиски, но по смртта на мајка им стануваат и најдобри другарки. За жал,..

Автор:

472 ден 590 ден

Приказничар

"Кога неодамна се занимавав со јубилеите во 2024, сфатив дека се навршува и четврт век од моето прво..

Автор:

225 ден 300 ден

На работ

Што би направил кога копнежот те турка до работ?Истражувачката новинарка Кетрин Кет Мартин го запозн..

Автор:

392 ден 490 ден

Љубовта е таа што не ја разбираме

Еден врел јулски ден семејството се вози со автомобил, а потоа возачот наеднаш кочи и се случува кав..

Автор:

188 ден 250 ден

Ознаки: zrak nadez, devni peri