Роузи Грахам има проблем. Всушност, неколку. Неодамна ја напушти одлично платената работа за да може да се сосредоточи на тајната кариера како автор на љубовни романи, но му нема кажано на семејството, а сега е западната во креативна криза. Згора на тоа, таванот од станот за малку ќе ѝ се срушеше врз глава. За среќа, го има резервниот клуч од станот на Лина, нејзината најдобра пријателка, па се вселува во него додека таа е на пат. Само што Роузи не знае дека Лина веќе му има дадено клуч и на нејзиниот братучед, Лукас, истиот оној братучед што таа го демне на Инстаграм. На нејзино изненадување, Лукас ѝ предложува да живеат заедно додека го реновираат нејзиниот стан.
Лукас е решен да ја игра улогата на шпански витез, само што наместо сјаен оклоп, тој носи пешкир околу половината, има разоружувачка насмевка и неодолив нагласок. А, да, и умее да готви. А, кога ќе дознае за креативните маки на Роузи ѝ предложува скандалозен експеримент за да ѝ се врати писателската инспирација. Роузи нема што да изгуби. Нејзината глупава занесеност по него ја има наполно под контрола, но на престојот на Лукас во Њујорк му се ближи крајот, а Роузи воопшто не е убедена дека шест недели се доволни за да се справи со крајниот рок и – со себеси.
Љубовен експеримент во Њујорк
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Елена Армас
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
472 ден
-
- 1 или повеќе 472 ден
Слични продукти
Вкусот на гревот
Храбра, провокативна и вистинита до последниот збор, исповеста на главниот лик на романот е возбудли..
293 ден 390 ден
Љубов, теоретски
Дали паѓањето во орбитата на згодниот физичар ќе ја доведе нашата протагонистка во искушение да ги п..
400 ден 500 ден
Поврзаноста на Кали и Кајден
Сите жени го гледаат Кајден како плејбој, но тој страда во тишина.Една ноќ кога мисли дека повеќе не..
336 ден 480 ден
Споменот на него
По отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа в..
392 ден 490 ден

