Калахан: Јас сум братот што сите го озборуваат зад затворени врати. Богат наследник, пропаднат спортист, љубител на чашката. Но, постои само една личност што вистински ме познава – Лана Кастиљо, мојата најдобра пријателка од детството и единствената жена што некогаш сум ја сакал.
Кога ѝ го скршив срцето пред шест години, ѝ ветив дека никогаш повеќе нема да стапнам во куќата на езерото Вистерија. И си стоев на зборот сè додека дедовиот тестамент не промени сè. За да го добијам наследството морам да го поминам летото во семејната куќа на езерото пред да ја продадам. Барањето звучи мошне едноставно, но планот ми се руши уште првиот ден. Излегува дека Лана не само што живее во куќата, туку тврди и дека ја поседува.
Алана: Беше грешка што се вљубив во Калахан Кејн. Самиот тој ми го кажа тоа пред да ми го скрши срцето и да го уништи нашето пријателство пред шест години. А, кога вети дека нема да се врати, наивно му поверував. Но, Кал повторно се појави и тоа со намера да ја продаде дедовата викендичка. Само што има еден голем проблем. Моето име стои на имотниот лист.
Прогонувани од спомените на едно среќно минато, двајцата ќе мораат да го најдат одговорот на прашањето дали нештата можеле поинаку да се одвиваат. И можеби да ѝ дадат втора шанса на иднината што ја пропуштиле.
Последна понуда
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Лорен Ашер
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
472 ден
-
- 1 или повеќе 472 ден
Слични продукти
Војводата и јас
Децата на аристократите во Лондон учат како треба да му се обраќаат на војвода и како да се поклонув..
360 ден 450 ден
Среќа за почетници
Од авторката на "Љубовта не гори во пожар". Емотивна, забавна, романтична....
323 ден 430 ден
Како намќорот го спаси Божиќ
Изабел Кук има сериозен проблем. Нејзината семејна фарма, местото каде што воедно се одржува еден од..
376 ден 470 ден
Кревки нешта
Април, 1906 година. Разорувачки земјотрес го тресе Сан Франциско токму пред изгрејсонце исплукувајќи..
440 ден 550 ден
Ознаки: posledna ponuda, loren aser

