За светот се скандал. Еден за друг, опсесија.
Таа нема значајно потекло, познато име, богатство или семејна поддршка, но отсекогаш знаела дека ѝ е пишано да стане добитничка на златен олимписки медал во танц на мраз. Кога Катарина Шо го запознава Хит Роча, осамено дете заглавено во системот за згрижување сираци, нивната инстантна конекција ги прави добар пар на мразот. Благодарение на тоа што се потпираат на лизгањето – и еден на друг – за да побегнат од своите турбулентни животи, Кет и Хит стануваат шампиони на мразот, освојувајќи го светот со нивната неопислива хемија, бунтовнички стил и нивната вртоглаво луда врска.
Но, шокантен инцидент на Олимписките Игри ненадејно става крај на нивното партнерство.
На десетгодишнината од нивното последно лизгање заедно, еден документарен филм повторно ја потпалува масовната опсесија со Шо и Роча, тврдејќи дека низ интервјуа со нивните најблиски пријатели и најжестоки ривали ќе ја открие „вистинската приказна“ за скандалозниот пар. Кет не сака да има ништо со документарецот, но не може да ја поднесе помислата некој друг да ја дефинира нивната историја. Па, по цела декада молк, сега ја раскажува приказната: од детските трагедии од кои се раѓа нејзината огнена врска со Хит до судирот на желби поради кој се разделуваат. Сензационалистички гласини им го следат секој чекор со години, но има шанси вистината да е уште пошокантна од насловите во таблоидите.
Фаворити
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Лејн Фарго
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
Сребрениот куфер
Во 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелиј..
360 ден 480 ден
Измиен грев
Кога се раѓа малата Фрмеск, таткото не ја прифаќа зашто е девојче. Згора на сè, бележана е доживотно..
300 ден 400 ден
Ознаки: favoriti, lejn fargo
