„Покајание” е трогателна приказна за љубовта и простувањето. Неизвесна и возбудлива книга што се чита во еден здив, исполнета со книжевна проникливост што не поттикнува да се запрашаме дали најлошото нешто што сме го направиле е единственото што нѐ дефинира.
Кога во домот на Анџи и Дејвид Шиан се случува шокантно убиство, нивните животи се распаѓаат. Очајни да си го заштитат семејството, се обраќаат за помош кај адвокатката од малото гратче, Мартин Думон. Но, Мартин не е само нивен правен советник, туку и мајка на првата љубов на Анџи, Џулијан, денес успешен адвокат за кривична одбрана во Њујорк. Додека Џулијан и Анџи се соочуваат со заедничкото минато и одамна потиснатата вина од една трагична несреќа што се случила во минатото, тие мора да се справат со сопствената одговорност и нерешените чувства помеѓу нив.
Приказна што се протега низ децении, од скијачките патеки во рурално Колорадо, до улиците на Њујорк пред 11 септември. Дебитантскиот роман на Кристин Ковал „Покајание” е длабока приказна за сложеноста на семејната лојалност, патот на искупувањето и моќта на вистинското простување.
Покајание
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Кристин Ковал
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
Добро утро, љубов
Младата и многу успешна, Дарија, се враќа од Германија во родната Македонија и во својот роден град,..
252 ден 360 ден
Испреплетени лози
Фиона отсекогаш знаела да чува тајни – дури и од таткото што ја одгледал. Таа е единствената што зна..
392 ден 490 ден
Ознаки: pokajanie, kristin koval

