"Последната љубовна песна" е ненадмината приказна за љубовта и за уништувачката загуба, сместена на селското западно крајбрежје на Ирска и во гламурозниот Лондон, во 1960 година. Откако Сорка О’Донован ќе го запознае Кон Дејли, неверојатно привлечен градски отпадник и музичар, нејзините денови веќе нема да бидат исти. Кон доживува вртоглав успех со рок-бендот Рибарите во Лондон, но нивните животи се менуваат до непрепознатливост зашто ќе се појави и мрачната страна на славата… а разорните тајни од минатото се закануваат да му уништат сè што постигнал.
Дваесет години подоцна Рибарите прифаќаат одново да се соберат за добротворниот концерт Музика за живот, на стадионот Вембли. Ама, Кон исчезнал пред повеќе од една деценија… и постои само еден човек кој може да открие што се случило. Само еден човек којшто знае колку е важно и неопходно да се открие вистината навреме, затоа што, ако се појави Кон, пред да испливаат сите факти, тогаш историјата ќе се повтори со уште потрагични последици.
Лусинда Рајли ја напиша "Последната љубовна песна" како Лусинда Едмондс, сега преработена и оживеана од Хари Витакер, синот на Лусинда и коавтор на "Атлас: Приказната за Тате Солт."
Последната љубовна песна
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Лусинда Рајли
- Достапност: На залиха
- 650 ден
-
488 ден
-
- 1 или повеќе 488 ден
Слични продукти
Девојчето со седа коса
„Си повторуваше во себе дека мајка ѝ ја заборавила веќе, а татко ѝ е презафатен, ама потајно се наде..
224 ден 320 ден
Диви црешни
Дивите црешни живуркаат на периферијата на едно обично село, во кое живее и едно обично семејст..
273 ден 390 ден
Спротивни светови
Забранета љубовна приказна на една извонредна жена која го раѓа сликарот Камиј Писаро – та..
413 ден 550 ден
Љубовна хипотеза
Хипотеза: Еден мал експеримент може да се претвори во катастрофа, или во светско откритие.Олив Смит,..
375 ден 500 ден
Ознаки: poslednata ljubovna pesna, lusinda rajli

