Гринич, југоисточен Лондон: Откако откриваат нешто грозоморно, нервозните детективи на ЦИД го свикуваат елитниот одред на МЕТ за разоткривање на убиства, познат како АМИП. Пет трупа, сите на млади жени, сите убиени во ритуален обред, па флени во пустелија во близина на Милениумската купола. Секоја обдукција покажува дека жртвите ги поврзува една единствена, морничава шема, така што на офицерите им станува јасно дека трагаат по најопасниот злосторник: сериски убиец со сексуални мотиви.


Младиот, амбициозен и сталожен детектив-инспектор Џек Кафери во исто време се соочува и со анимозитет во полициските редови и со сенките од минатото во овој, за него прв случај со АМИП. Прогонуван од сеќавањето на една дамнешна смрт, тој го употребува секое оруже коешто му го нуди форензиката, бидејќи знае дека е само прашање на време кога хаотичниот, садистички убиец ќе нападне повторно.


Овој мрачен и вознемирувачки трилер не е за оние со слабо срце. Совршен за љубителите на Стивен Кинг и Карин Слотер.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Птичар

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Мо Хејдер
  • Достапност: На залиха
  • 590 ден
  • 443 ден


  • 1 или повеќе 443 ден

Слични продукти

Нејзиното совршено семејство

Секоја лага има своја цена. Но, дали сте подготвени да ја платите?Рејчел и Ед Хартли очекуваа денот ..

Автор:

375 ден 500 ден

Умри за мене

Кетрин Кол била убедена дека нејзиниот свршеник е совршениот маж сѐ додека не дознала дека всушност ..

Автор:

360 ден 450 ден

Дар за бурата

Започнува со убиство на дете. Завршува во долината каде што се раѓаат сите кошмари.Инспекторката Ама..

Автор:

375 ден 500 ден

Криптолог

За еден безмилосен сериски убиец кој никогаш не простува и не заборава, таа е единствената која му п..

Автор:

360 ден 450 ден

Ознаки: pticar, mo hejder