“Прави како што ти вели срцето, сине, и што се однесува до мене и што се однесува до Воја, ама сакам да знаеш дека те посакував толку многу што ниеден кројач, овоземен или небесен, не би можел да ja скрои мојата приказна…”
Во срцето на Белград, во време кога светот го губи разумот, еден кројач крои нешто повеќе од костуми - крои судбини...
Јакоб, млад наследник на прочуена кројачка лоза, е принуден да си ги смени името и идентитетот за да го преживее пеколот на Втората светска војна. Кога татко му ќе го одведат в логор, нему и на мајка му им дава засолниште стариот семеен пријател, мајстор Воја Јовановиќ. Преку шепотот на иглата и тајните зашиени во ткаенината, Јакоб учи да преживее во светот во коі се се менува, но едно нешто останува исто - преданоста кон семејството.
Кога во нивниот живот пристига Олгица, сираче спасено од логор, Марта, мајката на Јакоб, ќе и даде љубов и заштита, несвесна дека еден ден ќе мора да ја пушти...
Во својот најнов роман “Кројачот”, Јелена Бачиќ Алимпиќ пишува приказна за љубовта, храброста и човечноста во најмрачни времиња. Ова е роман за оние што го кроеле животот, пркосејќи и на смртта, за тајните што останале чувани во шевовите на костумите, и за судбината, која како конец се плете низ генерации.
Слични продукти
Некој ми го знае името
Уште како мала, Амината ја киднапираа и ја качија на бродот со робови. Таа мора да ги слуша наредбит..
299 ден
Равенка на стравот
"Ако можете да ја замислите сликата на која гавранот на Едгар Алан По очајнички се обидува да излета..
300 ден
Тоа што го бараш, ќе го најдеш во библиотеката
Читателите сами си создаваат лични врски со зборовите, без разлика што сакал да каже авторот, и прит..
380 ден
Царицата Романова
Дури и зад престолот може да владее жена.Приказна раскажана од мајката на Русија, последната Мајка Ц..
550 ден
Ознаки: krojacot, jelena bacikj alimpikj

