Во голема трошна куќа на врвот на еден рид, едно девојче живее само…
Нејзиното име е Ева, има десет години, а со неа се само гувернантата и девојката дадилка, Маја Сало.
Од родителите нема ни трага. Маја е загрижена за малото девојче и затоа бара помош од Пјетро Гербер, најдобриот фирентински хипнотизер, детски успивач. Веќе некое време Ева не е вистински сама. Со неа е еден замислен пријател, дете без име и без лик. И токму поради неговото присуство, Ева е можеби во опасност.
Но, угледот на Пјетро Гербер е уништен, а на некој начин и самиот тој. Иако е збунет и несигурен во својата судбина, и покрај тоа што го мачат сомнежи, Пјетро се согласува да се соочи со Ева. Или поточно, со нејзиниот замислен пријател. Тогаш пред него ширум се отвора невидлива врата. Не му е непознат гласот на изгубеното дете кое зборува преку Ева кога е под хипноза. Но, уште поважно , тој глас го познава Пјетро. Го знае неговото минато и се чини дека ја знае вистината што се криеше предолго, вистината за нешто што се случи едно топло лето кога Пјетро беше дете..
Затоа што Пјетро Гербер почина на единаесетгодишна возраст. А, таинствениот настан што следеше по неговата смрт продолжува и понатаму да го прогонува...
Куќа на светлината
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Донато Каризи
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
440 ден
Слични продукти
Ме сака, не ме сака
Познатите убијци имаат клубови на обожаватели.Хамиш Вулф е шармантен, харизматичен и многу убедлив. ..
360 ден 450 ден
Дар за бурата
Започнува со убиство на дете. Завршува во долината каде што се раѓаат сите кошмари.Инспекторката Ама..
400 ден 500 ден
Ознаки: kukja na svetlinata, donato karizi

