Во овој роман, Џејн Рицоли и Мора Ајлс како главни протагонистки, се соочуваат со грозна сцена на убиство на една филмска продуцентка на хорор филмови. Сцената на злосторството е како ниедна друга, нешто што детективката Рицоли и медицинската истражителка Мора Ајлс никогаш претходно не виделе. Една жена лежи во мирна поза во својот кревет, а Мора не може да ја најде очигледната причина за нејзината смрт, но нема никаков сомнеж дека жената е мртва. Очите на жртвата се отстранети и сместени во дланката на нејзината рака, постапка што потсетува на ужасните филмови што таа ги продуцирала.
Дали некој полуден филмски обожавател ги копира сцените од овие вознемирувачки филмови?
Кога е пронајдена и друга жртва, без очигледна причина за смртта, повторно гротескна сцена на злосторство, Џејн и Мора сфаќаат дека убиецот го проширува својот круг на жртви. Тој избира една посебна жена како негова следна жртва, а таа знае дека тој доаѓа по неа. Таа е единствената којашто може да им помогне на Џејн и Мора да го фатат убиецот.
Но, таа знае една тајна. И тоа е тајна што никогаш нема да ја каже...
Слични продукти
Портите на Еванџелина
Кога њујоршката новинарка Чарли Кејтс ќе почне да сонува живописни соништа за деца ѝ се чини дека го..
440 ден 550 ден
Преживеј за да раскажуваш
KОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и..
336 ден 420 ден
Тајни чувани до гроб
Мариса има минато полно со тајни и сегашност полна со лаги. Сите ја знаат, но никој не ја познава. К..
392 ден 490 ден
Ознаки: znam edna tajna, tes geritsen

