Татко ти не е добар човек. Татко ти убиваше луѓе, синко...
Ова се дел од последните зборови што му ги кажа татко му на Џек Гивинс, пред да го одвлечкаат во програмата за заштита на сведоци, оставајќи ги Џек и мајка му да ги собираат распарчените делови на нивните животи, како знаат и умеат.
Години подоцна Џек е возрасен маж со сопствени проблеми. Тој е талентиран писател кој се бори за своето место и одвај преживува од авторските права од неговата просечно успешна прва книга. Така, кога со него ќе стапи во контакт шерифската служба од ФБИ со лукративна понуда, тој нема да може да ги одбие. Тие регрутираат писатели како Џек, кои треба да создадат лажни истории за луѓето коишто се дел од програмата за заштита на сведоците - луѓе како татко му на Џек.
И оваа случајност најпрво е стаписувачка за Џек, ама тој наскоро ќе сфати дека ова е можеби единствената шанса да го најде татко му. Само што има еден проблем - татко му на Џек не стапил во контакт со неговите раководители, па тие немаат идеја каде се наоѓа тој. Ова значи дека можеби е во сериозна опасност, а Џек е единствениот којшто може да го најде.
А, сепак, како ќе го најде човекот што никогаш вистински и не го познавал? Човек кој направил ужасни работи во животот и попатно си создал смртни непријатели - луѓе коишто не би се колебале да го искористат неговиот сопствен син против него...
Слични продукти
Барање за пријателство
Еден млад писател дознава за трагичната смрт на грчката шампионка во пинг-понг и решава да истражи н..
176 ден 220 ден
Ловец на очи
Тој е најдобриот очен хирург во светот. Легенда во операционата сала. И им ги вади очните капаци на ..
472 ден 590 ден
Фатена во тесно
Луѓето не исчезнуваат тукутака. Но, токму тоа му се случи на Том Ватли, сопруг на една од колешките ..
416 ден 520 ден
Животот што го посакуваше
Од зад завесите, Сара кришум го набљудуваше младиот брачен пар како излегува од куќата. Беше невооби..
392 ден 490 ден
Ознаки: tvorecot na lagi, linvud barkli

