Смртоносна трка за најстарата тајна на Ватикан.
Папата е мртов. Конклавата за избор на негова замена е на прагот да започне. Кардиналите почнуваат да пристигнуваат во Ватикан, но еден од нив бега од Рим за Малта во потрага по „документот“ што датира од четвртиот век и владеењето на Константин I Велики.
Поранешниот оперативец на Министерството за правда, Котон Малоун, е на езерото Комо, Италија, во потрага по легендарните писма меѓу Винстон Черчил и Бенито Мусолини кои исчезнаа во 1945 година и кои, доколку се откријат, би можеле да го сменат текот на историјата. Но, и некој друг ги бара изгубените писма. Малоун успева да дојде до нив, но за кратко време ги губи. Фрлен во лов, го привлекува вниманието на легендарните „Малтешки витези“.
Витезите постојат повеќе од деветстотини години и се единствените кои успеале да се одржат до модерното време. Сега тие се глобална хуманитарна организација, но во нивните редови се кријат предавници, Секретите, древна секта која има намера да влијае на изборот за идниот папа. Со помош на агентот од „Одделот Магелан“, Лук Дениелс, Малоун се трка со одметнатиот кардинал и витезите за да го пронајде она што е изгубено со векови. Конечното соочување кулминира зад ѕидините на Ватикан, каде што изборот на следниот папа е неизвесен.
Слични продукти
Царицата Романова
Дури и зад престолот може да владее жена.Приказна раскажана од мајката на Русија, последната Мајка Ц..
550 ден
Човек во лавиринтот
Бран од необична горештина ги присилува сите да го променат својот ритам на животот: сега само во мр..
490 ден
Детето што молчеше
Малото момче Ајден, залута далеку од училиште за време на страшна поплава во малото гратче Бишоптаун..
459 ден
Смртта на господин Даглас
По долгогодишна истрага, вистинските убијци на Ведран конечно се откриени и приведени. Се чини дека ..
420 ден
Ознаки: malteskata razmena, stiv beri

