Инспиративна приказна за авантурата, љубовта, загубата и храброста.

1927 год: Виолета Макензи-Грант започнува да го реализира својот сон за да се образува во Градинарското училиште за жени во Единбург. Таа сè уште не знае дека тоа ќе биде патување што ќе ја однесе до Катманду, на другата страна на светот, длабоко во воодушевувачки пејзажи и култури што се многу далеку од сè што дотогаш има видено.

2020 год: Дејзи Лаверок сонува да ги следи стапките на нејзината прабаба Виолета и откако ги открива нејзините изгубени дневници, во кои се обележани истражувањата за растенијата во 1930-тите ѝ даваат инспирација на Дејзи да си ја оствари својата кариера. Разведена, соочувајќи се со празно гнездо, Дејзи одлучува да го реализира патувањето на својот живот. Пристигнува во Непал, подготвена да започне со планинарење во сенката на Еверест. Но, судбината и пандемијата имаат други планови.

Изолирана и осамена, Дејзи мора да се потпре на добрината на непознати луѓе, земајќи инспирација од одлучноста и издржливоста на прабаба ѝ за да продолжи со крената глава во најтешките времиња. Откако започнува постепено да ги спојува деловите од приказната на прабаба ѝ открива долго сочувани тајни.

Дали Дејзи ќе успее да го открие патот што ќе ја доведе до сопствената иднина?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Небото под нас

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Фиона Валпи
  • Достапност: На залиха
  • 520 ден


Слични продукти

Сите цвеќиња во Париз

Две жени се поврзани низ времето во градот Париз, поврзани со мистериозен дневник и шокантни тајни к..

Автор:

420 ден

Фаворити

За светот се скандал. Еден за друг, опсесија.Таа нема значајно потекло, познато име, богатство или с..

Автор:

590 ден

Сестри на сончогледите

Бестселерот на Марта Хол Кели – "Јоргованот секогаш цвета по зимата", кој се продаде во милиони..

Автор:

650 ден

Меден месец

Што сè може да се случи за време на медениот месец кога одиш со твојот најголем непријател ..

Автор:

490 ден

Ознаки: neboto pod nas, fiona valpi