Дали тајната што е чувана уште од Втората светска војна може да им наштети на невините или да ги ослободи од товарот што го носат во животот?
Тоскана 1943 година. Во виорот на војната Беатрис бара засолниште во прекрасниот дом на Франческа и Едуардо „Вила деле Коломбе“. Таа својот мир го пронаоѓа во прекрасната градина и мистериозниот лавиринт од чемпреси. Но Беатрис не е единствената што бара засолниште. Франческа им помага на многу луѓе заедно со нивните деца да се скријат на имотот. Како што наближува крајот на војната жителите на вилата се принудени да сведочат, и да прават, незмисливи работи.
2015 година. Тес пристигнува во вилата по мачната загуба на нејзиниот сопруг. Беатрис, која сега е надзорник на вилата и нуди место каде што Тес ќе го пронајде својот мир. Но сета надеж исчезнува кога Тес дознава дека Марко, сопственикот на имотот, сака да го продаде на голема програмерска компанија. Беатрис сфаќа дека е крајно време да го открие болното минато на вилата и да најде начин како да ја спаси од продавање. Тес сфаќа дека вилата Де Коломбе не е само прибежиште, туку и светилник полн со надеж во најтемните времиња.
Ќе успее ли Тес да го убеди Марко да го задржи имотот и да најде начин како да го пронајде својот пат до среќата?
Слични продукти
Паднатите ангели
Филмската ѕвезда, Френсис Фицџералд ќе настрада во сообраќајна несреќа. Сите се сомневаат дека..
550 ден
Шиндлеровата листа
Романот "Шиндлеровата листа" предизвикал опширна полемика поради покажувањето на еден друг поглед на..
550 ден
Последното уметничко дело
Последното дело на светски познатата уметница Хана Стилтје на прв поглед не е импресивно. Кога ќе го..
500 ден
Полиглот
Пролетта 2021 година главниот лик во романот Полиглот е ангажиран како преведувач на меѓународна кон..
380 ден
Ознаки: lavirint od cempresi, fiona valpi

