Секоја лага има своја цена. Но, дали сте подготвени да ја платите?
Рејчел и Ед Хартли очекуваа денот на дипломирањето на нивната ќерка да биде еден од најсреќните денови на нивното семејство. Но, кога Џема ќе падне на сцената за време на церемонијата, еден прекрасен момент се претвора во тотален хаос. Џема е застрелана.
Приватниот детектив Метју Хил е меѓу првите на сцената. Шифрираната порака што Џема ја добила претходно, во текот на денот, укажува дека некој нејзин близок е замешан. Но, за кого се работи? Како што Метју започнува да истражува, така наоѓа сè повеќе слоеви што ја заматуваат вистината. Тој дури почнува да се сомнева дека Хартлиеви кријат нешто големо, но не само од него туку и едни од други.
Додека Џема лежи во болница во кома, нејзиниот потенцијален убиец сè уште е таму. Може ли Метју да ги открие тајните на семејството пред напаѓачот да го зададе последниот удар?
Нејзиното совршено семејство
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Тереса Дрискол
- Достапност: На залиха
-
500 ден
Слични продукти
Овие тивки, темни води
По насилен упад во домот, Нев Мегваер се враќа со својата ќерка на Црното Езеро, во нејзината летна ..
490 ден
Изабел
Дали сум истата личност што бев порано или во мене расте нова темнина која не можам да ја контролира..
480 ден
Градината на пеперутките
Во една изолирана стаклена палата има стаклена градина. Во оваа градина растат разнобојни цветови, б..
490 ден
Кога напаѓаат птиците грабливки
„Откако еднаш ќе ја преминеш границата, нема повеќе граници што можеш да ги преминеш.“Во Истанбул ве..
600 ден

