„Ловец на спомени“ е егзистенцијална сага, драматична игра проткаена со копнеж. Виртуозна приказна, филигрански доловена со препознатливиот, лиричен сензибилитет на книжевното перо на Серафимовска. Роман што покрај носталгијата, кај читателот буди јасна надеж и предизвикува наслада за сите сетила.

Сегашност, Чикаго. Младиот академски сликар Бенџамин Блумфилд запаѓа во тешка финансиска ситуација и навидум безизлезна, психолошка криза. Смртта на неговата мајка Естер Хантер само го продлабочува емотивниот колапс. Тој очајно ,,чекори по танко јаже“ додека истовремено жонглира со разнишаната долгогодишна врска со неговата свршеница Леонора Ларсен – модел за долна облека од нордиско потекло, но и со својот отуѓен татко Џејкоб Блумфилд, богат и успешен кривичен адвокат со кого имаат комплициран однос.

Љубовта кон мајката е окосница на оваа топла и трогателна приказна. Споменот на неа е како светилник, но и тој, полека му избледнува од потсвеста. Соочен со своите внатрешни демони и прогонуван од соништата, Блум се бори со сите сили да исплива од тој длабок океан на тагата. Само љубовта е она што, сепак, го одржува на површината…

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Ловец на спомени

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Катерина Серафимовска
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден


Слични продукти

Детството на Каспар Хаузер

Напишан од двојна перспектива на тинејџер и на возрасен човек, „Детството на Каспар Хаузер“ е роман ..

Автор:

300 ден

(Не)откриената тајна

Може ли старата куќа која се распаѓа да понуди нов живот, нова љубов и нова надеж?Животот на Џи..

Автор:

490 ден

Другата госпоѓа Смит

Овој роман го следи животното искуство на една некогаш многу успешна жена којашто се бори повторно д..

Автор:

500 ден

Свадба во декември

За Роузи не постои ништо поромантично од тоа да се омажи со љубениот на БожиЌ. Но нејзиното семејств..

Автор:

490 ден

Ознаки: lovec na spomeni, katerina serafimovska