"Точно е десет минути до пет часот изутрина. Уште е мрак. Езерото се наѕира на хоризонтот: долга графитна линија, црна и сребрена.

Човекот што чисти се подготвува да го започне денот, кој ќе го проведе така што ќе собира отпад. Нему тоа не му паѓа тешко. Некој сепак мора да се нафати на таа неблагодарна работа, тоа е непроменлив закон на животот. Знае дека најскриените тајни лежат токму во она што го фрлаат луѓето. И знае да ги протолкува. И да ги употреби. Бидејќи и самиот крие една тајна. Но, не знае дека за само некој час, неговиот внимателно уреден живот ќе се сврти наопаку.

Човекот што чисти, невидлив, само сенка на маргините, во еден момент ќе биде вовлечен во дејствителноста на едно девојче. Всушност, опасноста не е во тоа што некој ќе го открие него. Вистинската опасност секогаш е, отсекогаш и била, уште откако бил момче, а тоа е да го налути човекот што се крие зад зелената врата. И има уште нешто што човекот што чисти не го знае: некој веќе го бара.

Фаќачката на муви има мисија: да го запре насилството и да спаси што е можно повеќе жени. Ништо не може да ја спречи: ниту нејзината лоша физичка форма, ниту темната слава што ја придружува. И кога дното на езерото ќе исфри трага, Фаќачката знае дека е тоа порака што само таа може да ја разбере. Има само едно нешто што навистина може да го направи: да ја откопа невидливата сенка што лежи во центарот на бездната."

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Јас сум бездна

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Донато Каризи
  • Достапност: На залиха
  • 490 ден
  • 417 ден


Слични продукти

Кој сее ветар

Кој сее ветар

Пија Кирхоф, наредник во криминалистичката полиција е повикана на нобично место на настанот. Еден мр..

Автор:

425 ден 500 ден

Замка

Замка

Познатата писателка Линда Конрадс е мистерија за читателите и медиумите. Живее многу повлечено. Скор..

Автор:

383 ден 450 ден

Малтерего

Малтерего

Главниот лик, младиот и талентиран Лео, е ставен пред изборот на насилството да (не) одговори со ист..

Автор:

298 ден 350 ден

Дали ме чекаш?

Дали ме чекаш?

Еден единствен потег беше доволен да смени се. Кој никогаш не мечтаел да се врати во тој одлучувачки..

Автор:

169 ден 199 ден

Ознаки: jas sum bezdna, donato karizi