Делото „Лисица“ од првата дама на ексјугословенската книжевност, Дубравка Угрешиќ, е роман, автобиографија, патопис – и многу повеќе од тоа. Авторката на духовит начин се пресметува со современата книжевна сцена и со глобалните трендови,  патувајќи, литерарно и физички, од Јапонија преку многу руски класици до американските авантури на Набоков или пак до бесмисленото претставување на книгата во денешниот свет.

Што е книжевноста денес, која е нејзината улога и уште поважно, која е улогата на писателот, дали е тој само кловн што патува низ светот, дали воопшто е возможно сè уште да се раскажуваат приказни, дали е возможно само така да се создаде роман и да се измисли приказна, како и кој има контрола над текстот, авторот или самата приказна – сите овие прашања ги поставува „Лисица“.

Без нималку патетика, преполна со фин хумор, со суптилна иронија, со книжевни и теориски референции, „Лисица“ е посвета на писателите и на пишувањето, на оние важните, неодминливите, на оние чии приказни го менуваат читателот. Такви приказни може да создаде само исклучителен раскажувач, а таква раскажувачка без сомнение е токму Дубравка Угрешиќ.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Лисица

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Дубравка Угрешиќ
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 263 ден


  • 1 или повеќе 263 ден

Слични продукти

Полноќна роза

Ова е приказна во која љубовта се чувствува во секој збор и реченица...Толку емоции на секоја страни..

Автор:

413 ден 550 ден

Маслинката

Освежителна приказна што ќе ве оттргне од секојдневието и ќе ве облее со топлите зраци на Сонцето од..

Автор:

413 ден 550 ден

Пловејќи кон Сарантиум

Сарантиум е златен град: светост за верниците, вдахновение за поетите, скапоцен камен на светот и ср..

Автор:

449 ден 599 ден

Нека играат децата

„Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за..

Автор:

225 ден 300 ден

Ознаки: lisica, dubravka ugresikj