Авантурата продолжува!
Кога Биг Бен, во Лондон, одеднаш престана да чука, Вилијам знаеше дека се подготвува нешто големо. И навистина! Се појавува мистериозниот агент на орбулаторот, со што започнува нова урнебесна авантура за Вилијам и за неговата најдобра другарка Ишја. Што сака агентот орбулатор од Вилијам? И што е всушност ‒ орбулатор? Страниците на Агентот на орбулаторот, третата книга од светски прославениот серијал за Вилијам Вентон се исполнети со длабоки и мрачни тајни и насекаде има нерешливи шифри. Боби Пирс се враќа во светот на Вентон и ни носи низа интересни пресврти, хумористички роботи и јунаци од разни возрасти и видови.
„Во својот серијал на авантуристички романи за деца Боби Пирс создаде интересен свет што се движи со брзина на светлината… Со години не сум прочитал толку забавен микс на роботска комедија, научна фантастика, авантуристички роман.“ – Верденс Ганг
„Боби Пирс толку динамично и визуелно ни го доловува дејствието што пред очите ви пролетува како филм. Вилијам Вентон без сомнение е најдобриот норвешки пандан на Хари Потер.“ – Бок 365с
Слични продукти
Трите прасиња
Прочитај ја оваа безвремена приказна и откриј нов волшебен свет!„Големиот страшен волк го измамивме,..
295 ден
Пустини
Оваа категорија на енциклопедии се фокусира на нашата прекрасна планета Земја. Исполнети со корисни ..
150 ден
Приказни за вештерки, самовили и принцези
Во оваа сликовница се собрани најубавите приказни за вешетрки, самовили и принцези. Сите им се добро..
480 ден
Скелиг
"Скелиг" е една од најпопуларните книги за млади објавени во последната деценија. Замислен како моде..
280 ден
Ознаки: agentot na orbulatorot, bobi pirs
