Тој имаше право: црешите повторно ќе расцутат и ќе даваат сочни плодови. Повторно ќе се врати времето на црешите, без оглед на драмата, што таму некаде ја проживуваат синовите на проклетата апулија...

Пред крајот на Првата светската војна, меѓу маслинките и лозјата во едно зафрлено селце на југот на Италија, две жени одлучиле да ја сменат судбината на тукушто родениот Витантонио Палмизано, надевајќи се дека така ќе го заштитат од семејното проклетство и смртта за време на војна. Како дваесет и прв во редицата машки во фамилијата Палмизано, Витантонио го замениле по раѓањето и го воспитувале како брат близнак на Џована Конвертини, родена истиот ден во една од најбогатите фамилии во Апулија. Витантонио и Џована заедно растеа, врзани со тајната, а војната изгледа како некој далечен, одамна заборавен кошмар. Ама облаците на новата, уште покрвава Втора светска војна се појавуваат на хоризонтот и се закануваат да уништат сè што една храбра и пожртвувана мајка се обидела да зачува.

Палмизанови е италијанска трагедија, што се одвива меѓу владеењето на Мусолини и надежите за ослободувањето, запишана од мајсторското перо на реномираниот каталонски писател Надал… Незаборавна сага за две семејства и за едно момче кое се бори против судбината… Приказна за пријателството, војната, соперништвото, за невозможната љубов на двајца кои веруваат дека се брат и сестра.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Проклетството на Палмизанови

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Рафел Надал
  • Достапност: На залиха
  • 400 ден


Слични продукти

Клубот на убиства во четврток

Брилијантна четворка со неколку скриени трикови во ракавите, жена полицаец со својот прв голем ..

Автор:

500 ден

Кога животот ќе ти подметне нилски коњ

Кога дедото на Естер, Ханибал, ја купува куќата на "Палермовај", улица на данскиот остров Амагер, во..

Автор:

550 ден

Сабина

Сиромашна и без мираз, таткото на Сабина ја принудува да се омажи за богат аристократ. Животот на Са..

Автор:

490 ден

Заробеништво

Во првиот век од новата ера, токму во периодот кога се одвива распнувањето на Исус Христос, еден мла..

Автор:

590 ден

Ознаки: prokoletstvoto na palmizanovi, rafel nadal