Паднат боскер. Жена со скршен сон. Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…
Тејт Ремингтон – едниот и единствен – е ѕвезда на опасните борби во подземјето. Жените го обожаваат, сонуваат за него и збеснуваат по него. Мажите му завидуваат и сакаат да бидат како него.
Кога Брук случајно завршува на негова борба и тие прекрасни сини очи се вперуваат во неа, таа заборава сè, дури и сопственото име. А неговото величествено, мускулесто тело дополнително придонесува за ова. Нејзиниот живот се превртува наопаку кога ова совршенство ѝ нуди работа која може да ѝ отвори многу врати во животот. Но поранешниот боксер е непредвидлив и опасен и ја привлекува, онака неодоливо, животински. Ремингтон Тејт е најсилниот, но и најконфузниот маж што некогаш го запознала.
Во нивниот комплициран работен однос, копнежот се меша со доверливост, врели бакнежи со болка и страв – страв дека двајцата може да бидат уништени од неговата мрачна тајна…
Вистинскиот за мене
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Кејти Еванс
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
336 ден
-
- 1 или повеќе 336 ден
Слични продукти
Двајца во едно срце
Лидија и Фреди. Фреди и Лидија. Беа заедно повеќе од десет години и мислеа дека нивната љубов е..
323 ден 430 ден
Само ова лето
Џастин го следи проклетство и благодарение на објава на „Редит“ станува вирален на интернет. Секоја ..
360 ден 450 ден
Ознаки: vistinskiot za mene, kejti evans
