Мајка го убива својот четиригодишен син и се самоубива, без да остави проштално писмо, ниту какво било објаснување на трагичниот настан. По смртта на братчето и мајката, Елишка расне со десетгодишна празнина наместо детство. Нејзиниот живот се распаѓа на два дела: едниот го живее деветгодишното девојче во нормалното четиричлено семејство, а другиот го живее студентката Елишка, која одлучува да го расветли кобниот настан.

Зошто мајка ѝ го направила тоа? Зошто ја поштедила Елишка? Зарем мајката може да го убие сопственото дете? Какви причини треба да постојат за тоа? Тоа се само дел од прашањата што читателот се обидува да ги одговори заедно со Елишка во текот на овој несекојдневен и зашеметувачки роман.

Викторие Ханишова (1980) дипломирала англистика и германистика на Карловиот универзитет во Прага. Како писателка дебитира во 2015 година со успешниот роман "Анешка" и оттогаш е едно од најголемите откритија во чешката книжевност. Во 2018 година го напиша романот "Печуркарката", преведен и издаден во Македонија во 2019 година во издание на Муза. Романот "Реконструкција" ја заокружува слободната трилогија од романи на тема психологија на односите во нефункционално семејствo.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Реконструкција

  • Издавачка куќа: Муза
  • Автор: Викторие Ханишова
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден


Слични продукти

Клубот на убиства во четврток

Брилијантна четворка со неколку скриени трикови во ракавите, жена полицаец со својот прв голем ..

Автор:

500 ден

Сиракот од Варшава

Варшава, 1942 година: младата Елзбиета живее удобен живот со родителите кои ја посвоија. Таа не може..

Автор:

480 ден

Хартиената палата

Местото што ги знае сите тајни.Едно совршено јулско утро, педесетгодишната Ел, среќно омажена и мајк..

Автор:

500 ден

Вториот живот на Мириел Вест

Нејзиниот живот е среќен. Но сите овде имаат свои лузни, ако не на душата, на кожата.1920 година: гл..

Автор:

520 ден

Ознаки: rekonstrukcija, viktorie hanisova