Младата Сара веќе седум години оди по истата патека во шумата, од пролет до есен собира печурки, кои потоа ги продава во една кафеана. Не се зближува со никого и не го напушта својот печуркарски реон. Само одвреме-навреме оди кај својот психијатар за да ја потврди својата урамнотежена душевна состојба.

Затоа и веста за смртта на мајка ѝ не го менува нејзиниот живот. Оди на погребот, се среќава со двајцата браќа, од кои одамна се отуѓила и пак се враќа в шума. Но, она што само матно се исцртува на површина, клокоти под површината. Онака како што плодното тело на печурката што излегува од почвата, претставува само незначителен дел од еден огромен организам, од огромниот свет на печурките, сокриен од нашите очи, под површината.

„Како би можела со зборови да го кажам она што се случи оној пат пред многу години? Како би можела да ја опишам темницата во својата внатрешност. Како воопшто би можела да се обидам да го преведам тој ужас во зборови?“

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Печуркарката

  • Издавачка куќа: Муза
  • Автор: Викторие Ханишова
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 245 ден


  • 1 или повеќе 245 ден

Слични продукти

Ти треба само љубов

И покрај сите подеми и падови, мраз и темнина, неочекуваната љубов го полни срцето со среќа...

Автор:

248 ден 330 ден

Луѓето кои ги среќаваме на одмор

Најдобрата романса во светот за 2021 година според распределбата на гласовите на половина милион гла..

Автор:

360 ден 450 ден

Девојката со силен глас

На четиринаесет години, Адуни сонува да се школува и да му обезбеди на своето семејство поудобен дом..

Автор:

443 ден 590 ден

Врати ми се

Ултимативен лек што може да ја излекува секоја болест? Нема шанси! Такво беше мислењето на Мери..

Автор:

343 ден 490 ден

Ознаки: pecurkarkata, viktorie hanisova