Патот на самооткривање води една млада жена во светот на забранета страст, дива убавина и на одмазда.
Пролет, 1950 година, Александра де Фала, писателка од англо-шпанско потекло, го напушта својот привилегиран, но задушлив живот во Лондон и заминува за Шпанија за да се сретне со своето одамна загубено семејство. Но, место чувството на припадност по кое копнее, во семејството Де Фала вријат емоции во канџите на обичаите и на традицијата на Андалузија, кои се непознати за Александра. Покрај чудните ликови и општиот интензитет на земјата, Александра запознава еден човек, кој во неа ќе разбуди емоции што воопшто не знаела дека ги има. Но, на нивниот пат се појавуваат многу пречки: опасни ривали, непредвидливи настани и големи скандали.
Каква ќе биде судбината на Александра во оваа разиграна земја на драма и на страст, каде што врелата крв се пролева низ арените при борбите со бикови, мистичните Цигани шират магија и желба за одмазда, а прекрасни танчарки ги кријат своите тајни зад разнобојните лепези? "Скандал и чест" е приказна за љубов, откривање на корените и за спротивставени идеали при потрагата по среќа. Но може ли љубовта да преживее во свет во кој скандалот и опасноста се секогаш присутни?
Скандал и чест
- Автор: Хана Филдинг
- Достапност: На залиха
-
399 ден
Слични продукти
Дива Марија Калас
Венеција 1957 година. Марија Калас е најголемата оперска певица на своето време, нејзиниот глас има ..
550 ден
Доаѓа сонцето
Еден поглед, еден разговор, еден викенд и тој знае кога сака. Но, Миа Симпсон не е слободна да ..
450 ден
Продавницата за сувенири во Техеран
Во 1953 година во Техеран: две лица за првпат се сретнуваат во една мала продавница – литературна оа..
460 ден
Љубовна хипотеза
Хипотеза: Еден мал експеримент може да се претвори во катастрофа, или во светско откритие.Олив Смит,..
500 ден
Ознаки: skandal i cest, hana filding