Ана е скршена по смртта на мајка ѝ, која ѝ остава во аманет кутија со дневници, испишани на италијански и пожолтени од времето, и ветување дека во нивните страници ќе ја открие вистината. Заминува во Италија, во селцето Рофеле, каде што го запознава Франческо, кој ѝ помага со преводот на дневниците. Ана полека почнува да закрепнува истражувајќи го минатото на мајка си. Среќните денови исполнети со смеа, семејни вечери и мелење жито во Ил мулино биле нагло прекинати од пристигнувањето на нацистите. Составувајќи ги измешаните парчиња од сложувалката, Ана дознава за мајчината улога во отпорот, за британскиот војник кој го криеле и за причината за нејзиното заминување од татковината.
Но, една тајна останува неоткриена. Средбата со старецот што живее сам и подалеку од сите, кој се сепнува при споменување на името на мајка ѝ, ја наведува да помисли дека можеби тој ги има одговорите. Но, некои тајни од војната не треба да бидат раскажани…
Трогателна приказна инспирирана од вистински настани за трагичните последици од војната кои ги чувствуваат и следните генерации и за љубовта која умее да нè извлече и од најмрачните периоди.
Тајната на Тоскана
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Анџела Печ
- Достапност: На залиха
- 570 ден
-
456 ден
-
- 1 или повеќе 456 ден
Слични продукти
Две средби на полна месечина
Сем беше нејзината прва љубов. Нејзиното прво сè. Вклучувајќи го и нејзиното прво скр..
368 ден 490 ден
Целата небесносина боја
“Барам сопатник или сопатничтка за својата последна авантура…” Вака почнува огласот што Емил го обја..
525 ден 700 ден
Божиќ во големиот, блескав град
Магичен роман во која се воспеваат љубовта и празниците обвиени во топлина и мноооогу светлина.Со пр..
338 ден 450 ден
Божиќ засекогаш
Додека го промовира својот нов божиќен роман писателката Рајли Рејнолдс останува без зборови. З..
375 ден 500 ден
Ознаки: tajnata na toskana, andjela pec

