Калахан: Јас сум братот што сите го озборуваат зад затворени врати. Богат наследник, пропаднат спортист, љубител на чашката. Но, постои само една личност што вистински ме познава – Лана Кастиљо, мојата најдобра пријателка од детството и единствената жена што некогаш сум ја сакал.

Кога ѝ го скршив срцето пред шест години, ѝ ветив дека никогаш повеќе нема да стапнам во куќата на езерото Вистерија. И си стоев на зборот сè додека дедовиот тестамент не промени сè. За да го добијам наследството морам да го поминам летото во семејната куќа на езерото пред да ја продадам. Барањето звучи мошне едноставно, но планот ми се руши уште првиот ден. Излегува дека Лана не само што живее во куќата, туку тврди и дека ја поседува.

Алана: Беше грешка што се вљубив во Калахан Кејн. Самиот тој ми го кажа тоа пред да ми го скрши срцето и да го уништи нашето пријателство пред шест години. А, кога вети дека нема да се врати, наивно му поверував. Но, Кал повторно се појави и тоа со намера да ја продаде дедовата викендичка. Само што има еден голем проблем. Моето име стои на имотниот лист.

Прогонувани од спомените на едно среќно минато, двајцата ќе мораат да го најдат одговорот на прашањето дали нештата можеле поинаку да се одвиваат. И можеби да ѝ дадат втора шанса на иднината што ја пропуштиле.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Последна понуда

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Лорен Ашер
  • Достапност: На залиха
  • 590 ден
  • 472 ден


  • 1 или повеќе 472 ден

Слични продукти

Кубански женски водич за чај и утрешнина

Лила Рејес никогаш не очекуваше дека ќе мине едно цело лето во Англија. Нејзиниот план беше едностав..

Автор:

368 ден 490 ден

Љубов меѓу редови

Роуан: Работа ми е да создавам бајки. Забавни паркови. Продукциски компании. Хотели со пет ѕвез..

Автор:

392 ден 490 ден

Љубовното писмо

Приказна со безброј лица... мистерија, акција, шпионажа, романса и закана... опасна игра на мачка и ..

Автор:

413 ден 550 ден

За тебе

Една ноќ ги зближува. Друга ги разделува.На Грејс Мајлс ѝ недостасува лесното другарство со Ашер, но..

Автор:

312 ден 390 ден

Ознаки: posledna ponuda, loren aser