Ени Вокер е во потрага по совршениот партнер, со кого ќе го мине остатокот од нејзиниот тивок живот во Рим, Кентаки, водејќи ја цвеќарницата. Таа точно знае каква личност ѝ е потребна… но, откако ќе слушне како ја нарекуваат „неверојатно здодевна“ почнува да верува дека проблемот не е во мажите, туку во неа. Дали е предоцна да стане заводлива и забавна како хероините во нејзините омилени љубовни филмови?
Можеби ѝ недостига само малку вежбање за да стане поумешна во флертувањето… а, таа точно знае кој може да ја подучува: Вил Грифин.
Згодниот, тетовиран и недостижен Вил е привремено во градот, како личен агент за заштита на Амелија Роуз пред нејзината венчавка со Ноа Вокер, братот на Ени. Тој има само една лична цел додека е на задача: да се држи што подалеку од Ени Вокер и од сите нешта што би го задржале во тоа здодевно гратче. Но, кога Ени го замолува да ѝ даде неколку „лекции по заведување“, тој не може да ја одбие. Се согласува да ѝ помогне да ја најде љубовта на нејзиниот живот, иако тој не би променил ништо кај слатката Ени и многу добро знае дека некојси обичен повлечен тип нема да ја усреќи.
Во текот на жешките, но стриктно „образовни“ средби, Ени открива дека зад стоичката маска на Вил се кријат цели светови. Додека границата меѓу пријателството и љубовта станува сѐ понејасна, Ени почнува да ги преиспитува своите желби. Можеби љубовта не мора да биде совршена или внимателно испланирана. Можеби само треба да биде вистинска.
Тутор за совршена љубов
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Сара Адамс
- Достапност: На залиха
- 570 ден
-
456 ден
-
- 1 или повеќе 456 ден
Слични продукти
Татјана и Александар 2
Татјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот в..
400 ден 500 ден
Две средби на полна месечина
Сем беше нејзината прва љубов. Нејзиното прво сè. Вклучувајќи го и нејзиното прво скр..
368 ден 490 ден
Ти си мојот живот
… Ја позеде со растреперени раце и треперлив глас, извика: "Кај си, сонце на мама. Кај си, среќ..
263 ден 350 ден
Само ова лето
Џастин го следи проклетство и благодарение на објава на „Редит“ станува вирален на интернет. Секоја ..
360 ден 450 ден
Ознаки: tutor za sovrsena ljubov, sara adams

