Сеќавањето е лукава работа, се криви и извртува. Но, хартијата и мастилото ја добиваат непристрасната вистина.
Кога реката Кенебек замрзнува заробувајќи еден човек во мразот, Марта Балард е повикана да го прегледа телото и да ја увиди причината за смртта. Како посветена бабица и исцелителка, таа знае сè што се случува зад затворените врати во Халовел.
Неколку месеци претходно ги документирала деталите за силувањето од двајца видни граѓани, од кои едниот сега е замрзнат. Ќе успее ли да ги докаже шокантното злосторство и убиството – со нејзиниот дневник во кој ги засведочува секое раѓање и секоја смрт, сите злосторства и казни во гратчето?
Овој мудар и слоевит роман за една извонредно храбра жена од крајот на 18 век, која оставила неспоредливо наследство, го тргнува превезот што ја сокрива вистината пред очите на правдата.
„Марта Балард не е само бабица од Мејн која никогаш не изгубила пациент. Таа е поборник за вистината и говорник за правда во време кога жените не можеле ни да сведочат на суд. Магична приказна со хероина од вистинскиот живот.“ - Пипл магазин
Замрзнатата река
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Ариел Лохон
- Достапност: На залиха
- 690 ден
-
552 ден
-
- 1 или повеќе 552 ден
Слични продукти
Море од спомени
Кога Кендра првпат ја посетува својата болна баба, таа ја замолува да ја запише нејзината ..
368 ден 490 ден
Ќерка на правта
Оваа убаво напишана книга совршено потсетува на топлината и бојата на пустината од Северна Африка.Ле..
315 ден 420 ден
Разговори во четири очи
Ана и Хенрик се во брак дванаесет години и имаат три деца кога нивната врска почнува да се распаѓа. ..
175 ден 250 ден
Ознаки: zamrznatata reka, ariel lohon
