„Покајание” е трогателна приказна за љубовта и простувањето. Неизвесна и возбудлива книга што се чита во еден здив, исполнета со книжевна проникливост што не поттикнува да се запрашаме дали најлошото нешто што сме го направиле е единственото што нѐ дефинира.
Кога во домот на Анџи и Дејвид Шиан се случува шокантно убиство, нивните животи се распаѓаат. Очајни да си го заштитат семејството, се обраќаат за помош кај адвокатката од малото гратче, Мартин Думон. Но, Мартин не е само нивен правен советник, туку и мајка на првата љубов на Анџи, Џулијан, денес успешен адвокат за кривична одбрана во Њујорк. Додека Џулијан и Анџи се соочуваат со заедничкото минато и одамна потиснатата вина од една трагична несреќа што се случила во минатото, тие мора да се справат со сопствената одговорност и нерешените чувства помеѓу нив.
Приказна што се протега низ децении, од скијачките патеки во рурално Колорадо, до улиците на Њујорк пред 11 септември. Дебитантскиот роман на Кристин Ковал „Покајание” е длабока приказна за сложеноста на семејната лојалност, патот на искупувањето и моќта на вистинското простување.
Слични продукти
Вистинскиот живот
Книгата ги истражува мрачните вистини за растењето во дом исполнет со насилство и страв, како и посл..
300 ден
Невообичаен Велигден
Пред Велигден, Емил оди во Џамбо да купи подароци за децата на сестра му Емили, која со семејството ..
300 ден
Островот на исчезнатите дрвја
Легендите постојат за да ни го раскажат она што историјата го заборавила.Во 1974 г., на островот Кип..
500 ден
Хамнет
Двајца исклучителни луѓе. Љубов која ги спојува. Загуба што им се заканува да ги уништи.Еден летен д..
420 ден
Ознаки: pokajanie, kristin koval

